Беласица гостува кај Питу Гули

Фудбалерите на Беласица во недела ќе гостуваат кај екипата на Питу Гули од Крушево, во натпревар од 6. коло од Втората лига – Исток.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Беласица во претходното коло со 3:0 го декласираше Осогово и остана на второто место на табелата со 15 бодови, и има еден бод помалку во однос на Тиквеш кој е лидер на табелата. Питу Гули во минатото коло загуби од Победа со 2:1, со што екипата од Крушево сега е на последното место на табелата со 3 бодови, исто колку што има и Осогово кој е на деветтото место.

Плачковица во Радовиш ќе ја пречека Каменица Саса, овој натпревар ќе биде значаен и за двете екипи во борбата за опстанок во лигата, Осогово во Кочани ќе игра против Кожуф од Гевгелија, додека Брегалница на домашен терен ќе игра против Победа од Прилеп, Тиквеш ќе игра во Кавадарци против Кит-Го Пехчево.

Натпреварит се играа со почеток од 15:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o