Академија Пандев против Силекс во 9. коло од ПМФЛ

Екипата на Академија Пандев во сабота на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе игра против Силекс од Кратово, во натпревар од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Ренова - Струмица, Младост 5. коло ПМФЛ

„Пандевци“ во минатото коло го претрпеа првиот сезонски пораз од Вардар со минимални 1:0, но и покрај поразот останаа на второто место на табелата со 15 бодови, но сега Македонија ЃП која е трета на табелата има еден бод помалку од Академија Пандев. Силекс во минатото коло со 1:0 во Кратово го победи Работнички и се искачи на седмото место на табелата со 9 бодови.

Во Тетово ќе се игра големото дерби на колото помеѓу актуелниот шампион Шкендија и Вардар, Македонија ЃП ќе има тежок натпревар против Шкупи на домашен терен, Борец во Велес ќе ја пречека Струга Трим Лум, а во петок ќе се одигра натпреварот помеѓу Работнички и Ренова.

Натпреварот помеѓу Академија Пандев и Силекс се игра со почеток од 15:00 часот

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o