Најдобрата маска за омекнување на кожата на рацете

Постојат повеќе причини за да се појави проблемот со сувите раце. Неспорно сепак во есен и зима тој станува многу чест.W

Се разбира, тоа се должи најмногу на ниските температури, кои ја забрзуваат дехидрацијата на кожата. Но вештачкото греење, а особено климата, исто така играат голема улога.

Па, нема како да ја промениме климата, ниту пак да се откажеме од греењето, но пак можеме да се погрижиме со вистинските производи за кожата на рацете.

Бидејќи во зима е исклучително важно таа да биде не само добро хидрирана,туку и подхранета.

Потребни производи:

Маслиново масло

Масло од јојоба

Начин на подготовка:

Потребна ви е толкава количина на маслиново масло, колку да ги намачкате рацете со него.

Кон него додадете неколку капки масло од јојоба.

Со добиената смеса намачкајте ги рацете и ставете памучни ракавици. Најдобро оставете ја маската да делува цела вечер, а наутро само исплакнете ги рацете и нанесете соодветен крем.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o