ФК Тиверија со максимални три победи, Спартмани без освоен бод во Третата лига – Југоисток

ФК Тиверија од Струмица во Третата лига – Југоисток има максимални три победи на исто толку одиграни натпревари, и вкупно 9 освоени бодови. Тиверија заедно со екипите на Овче Поле и Слога се единствени со 9 освоени бодови.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Во 3. коло Тиверија запиша победа од 3:5 над Малеш од Берово, а претходно имаше убедливи победи и против Дојранско Езеро со 7:3 и прптив Младост од Удово со 2:4.

Екипата на Спартмани во првото коло запиша убедлив пораз од Василево со 0:4, додека во второто коло беше декласиран од Детонит со 6:0, додека во третото коло беа слободни.

Во следното коло, Тиверија ќе игра против Раклиш од Радовиш, а Спартмани ќе биде домаќин против Слога, во овој натпревар гостите до Виница важат за апсолутни фаворити.

Со по 9 бодови на првите три места на табелата се Овче Поле, Слога и Тиверија, Василево со 6 бодови е на четвртото место, Детониот е петти, Раклиш е шестти, Брегалница седма и Дојранско Езеро е осми со по 3 бодови, додека Спартмани кој е деветти, Малеш десетти и Младост Удово последен на 11. место се без освоени бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o