РК Астраион одигра нерешено со МРК Куманово во Куманово

Ракометарите на Астраион во 3. коло од Првата ракометна лига – Група 1, одиграа нерешено со екипата на МРК Куманово во Куманово, со резултат од 21:21.

РК Астраион - РК Вардар Неготино

Целиот натпревар помеѓу двете екипи резултатски беше изедначен. Првиот дел заврши со резултат од 8:8, додека вториот дел заврши со 13:13 или за конечен резултат од 21:21.

Струмичките ракометари со два одиграни натпревари имаат 4 бодови и се наоѓаат на третото место на табелата, додека МРК Куманово е на четвртото место со исто толку бодови. Лидер на табелата е Македонија ЃП со 9 бодови, додека ланскиот суперлигаш Прилеп е втор со 6 бодови. На дното од табелата без бодови е РК Алушовски.

Во следното коло РК Астраион ќе гостува кај РК Риниа М, додека МРК Куманово ќе гостува кај Јуниор К.В.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o