Направи сама: Природна маска за затегнување на лицето

Немате пари за ботокс или не ви паѓа на памет да изгледате како восочна фигура: Е за таквите имаме еднакво делотворен природен рецепт!G

Со задоволство би биле во најдобро издание за некое важно дружење, но немате пари за скапи креми или за ботокс со кој малку би ги испеглале брчките и би го затегнале лицето? Имаме одлична идеја како да го направите тоа бесплатно и еднакво делотворно.

Значи, се што ви треба е лажица густин, пет лажици сок од моркови и лажица кисела павлака, како и три пати по половина час време.

Лажицата густин измешајте ја во пола чаша вода за потполно да се стопи и потоа претурете во лонче, додадете 400 мл врела вода и мешајте со жица додека не се згусне, внимавајќи притоа да не се направат грутки.

Оставете го густинот да се излади, па кога ќе биде температурата прифатлива, помешајте внатре пет лажици сок од свежо изцеден морков и лажица кисела павлака.

Нанесете ја маската на исчистено лице, оставете да делува пола час и нежно исплакнете ја со топла вода. Откако ќе го измиете лицето, намачкајте го со хидратантна крема. Повторете ја постапката три дена по ред и вашата кожа ќе изгледа боженствено – мека, блескава, затегната, еластична и без мали брчки.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o