Едноставни домашни рецепти за поубава кожа

За да ја спречите појавата на акни и да го вратите природниот сјај на лицето, можете да ги пробате овие едноставни маски кои ќе го исчистат лицето и ќе го потхранат со потребните витамини.maska

1. МАСКА ОД МЛЕКО И ЦИМЕТ

Во сад измешајте лажица млеко, половина лажица цимет, две лажици мед и лажица ванила. Најпрво исчистете го лицето, па на него рамномерно нанесете маска и оставете да отстои 15 минути.

2.МАСКА ОД МАГДOНОС И КРАСТАВИЦА

Освежете ја кожата на брзина со овој многу едноставен рецепт. Иситнете го па измешајте лажица свеж магданос, лажица исецкани краставици и лажица јогурт. Кога ќе добиете совршена текстура, нанесете на лицето и вратот. Оставете ја ревитализираната смеса да делува 15 минути, а потоа лицето и вратот измијте ги со млака вода.

3.МАСКА ОД ЈАЈЦА И БАДЕМОВО МАСЛО

Оваа маска е идеална за враќање на сјајот на безживотната кожа. Во сад измешајте јајце и лажица бадемово масло. Со прсти или со туфер нанесете ја смесата на лицето и држете ја барем 15 минути. Лицето измијте го со ладнавода. Оваа маска можете да ја користитие два пати неделно.

4. МАСКА ОД КРАСТАВИЦА И НАНЕ

Измешајте половина краставица, пет листови нане, лажица јогурт и лажица млеко во прав. Внимателно нанесете ја маската избегнувајќи го делот околу очите, па по 15 минути измијте го лицето со млака вода.

5. МАСКА ОД БАДЕМ И ЗЕЛЕНА ГЛИНА

Оваа маска е идеална за отстранување на мртвите ќелии и нечистотии од порите. Во блендер ставете две лажици бадем, лажица зелена глина, четири лажици овесна каша и лажица мед. Нанесете ја маската со масирање на лицето и оставете ја да делува 15 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o