Домашни рецепти за отстранување на темната кожа на лактите

Темната кожа на лактите која се формира со текот на годините не е убав поглед, посебно во летните денови кога сакате да облечете разголени кошули и фустани.dark-elbows-treatment

Меѓутоа, и за овој проблем постојат брзи и едноставни решенија.

Потребно е да измешате една лажичка куркума со малку млеко додека не добиете густа смеса. Добиената маска тријте ја на лактите и оставете ја да отстои 5 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

За овој проблем може да ви помогне и маслиновото масло. Измешајте лажичка маслиново масло со лажичка шеќер и направете пилинг. По 5 минути темелно исплакнете и намачкајте со крема.

Може да помешате и сок од малку портокал со 1 лажичка сончогледово масло и со оваа мешавина да ги масирате лактите околу 5 минути.

Препорачливо е и пред легнување секоја вечер да нанесете кокосово масло. Добро втријте го и оставете да делува преку ноќ. Постапката повторувајте ја редовно ако сакате да бидете задоволни од резултатите.

Сите рецепти се на природна база, така што нема да почувствувате несакани дејства дури и ако ги искобминирате во неколку дена.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o