Беласица на второто место на табелата во Втората лига – Исток

Беласица по 6. одиграни кола со вкупно 15 освоени бодови е на второто место на табелата во Втората лига – Исток. Фудбалерите на Беласица во досегашниот тек од сезоната имаат забележано 5 победи и еден пораз.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Лидер на табелата е Тиквеш од Кавадарци кој има 16 бодови, втора е Беласица со бод помалку, додека на третото место е Кожуф со 14 бодови. Брегалница од Штип со 11 бодови е на четвртото место, додека Кит-Го Пехчево со 9 бодови е на петтото место.

Победа од Прилеп со 6 бодови е на шестото место, Каменица Саса со 4 бодови е на седмото место, Плачковица од Радовиш со исто толку бодови е седма на табелата, Осогово со 3 бодови е на деветтото место и на последното десетто место е Питу Гули од Крушево со 3 бодови.

Во следното коло Беласица ќе гостува кај Питу Гули, Плачковица ќе биде домаќин на Каменица Саса, Осогово ќе го пречека Кожув, Брегалница силите ќе ги одмери со Победа и Тиквеш во Кавадарци ќе игра против Кит-Го Пехчево.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o