Академија Пандев на второто место на табелата во Првата лига

Академија Пандев по 8. одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 15 освоени бодови. „Пандевци“ во досегашниот тек од сезоната имаат 4 победи, 3 ремиа и еден пораз кој го претрпеа во 8. коло од лидерот на табелата Вардар.

Вардар со 19 бодови е на првото место на табелата, Академија Пандев со 15 бодови е на второто место, а Македонија ЃП со бод помалку е на третото место.

Струга Трим Лум - Академија Пандев - Струга 5. коло ПМФЛ 2

Ренова е четврта со 13 бодови, а Шкупи по победата на Шкендија има 12 бодови и е на петтото место. Шампионот Шкендија со 10 бодови е на шесттото место, Силекс е седми со 9 бодови, новајлијата Струга Трим-Лум со 8 бодови е на осмото место, Работнички со 7 бодови е деветти, додека Борец е на последното десетто место со 5 освоени бодови.

Во следното коло кое се игра викендот, Академија Пандев на „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека Силекс, Шкендија во Тетово ќе игра дерби со Вардар, додека Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против Шкупи. Борец во Велес силите ќе ги одмери со Струга Трим-Лум, а Работнички ќе биде домаќин на Ренова.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o