ФК Тиверија гостува кај ФК Малеш

Фудбалерите на ФК Тиверија од Струмица во недела ќе гостуваат во Берово кај екипата на ФК Малеш, во натпревар од 3. коло од Третата лига – Југоисток.

FK_Tiverija.svg

Во овој натпревар струмичани влегуваат како фаворити за победа, поради подобрата форма, но и поради подобриот квалитет во екипата. Во првите две кола, Тиверија запиша две убедливи победи, 2:4 против Младост од Удово и 7:3 против Дојранско Езеро од Дојран.

Малеш сезоната ја започна во лошо издание и запиша два убедливи порази. Во првото коло екипата од Берово беше убедливо поразена на домашен терен од ФК Раклиш од Радовиш со 3:6, додека во второто коло во Свети Николе од Овче Поле беа поразени со 6:0.

Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o