РК Астраион убедливо го победи Вардар Неготино

Ракометарите на Астраион од Струмица забележаа убедлива победа во 2. коло од Првата ракометна лига – Група 1, откако во салата „Парк“ во Струмица со 29:19 го совладаа Вардар Неготино.

РК Астраион - РК Вардар Неготино

Резултатот од првото полувреме беше 15:11. Натпреварот беше решен во второто полувреме, кога астраионци покажаа подобар квалитет и подобра игра.

За струмички ракометари оваа воедно е прв натпревар во новата сезона, бидејќи во првото коло беа слободни.

Најдобар стрелец кај домашните беше Кавазов со 6 погодоци, Касапов постигна 5 гола, Ончев 4. Голманот на Астраион, Перовановиќ запиша 18 одбрани. Кај гостите најдобар стрелец беше Стаменов со 4 погодоци.

Во следното коло Астраион гостува кај МРК Куманово во Куманово.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o