Како лакот за нокти да ви трае подолго?

Колку често ви се случило да нанесете лак за нокти и за многу кратко време да забележите дека е веќе оштетен и треба пак да се лакирате?StariLakoviZaNokte

 

Еве неколку совети како да го продолжите траењето на лакот за нокти:

Ноктите мора да се чисти

Пред да нанесете лак секогаш проверете дали ноктите ви се чисти, суви и исполирани. Така лакот при нанесување на бојата добро ќе се залепи за површината на ноктот и ќе трае подолго.

Внимателно со кремите за раце

Кремите за раце се една од главните причини зошто лакот за нокти се „лупи“ или се брише. Затоа пред да ја несете базата, која ќе ви овозможи долготрајност на лакот, прво со ацетон и памукче поминете врз ноктите за да ги отстраните трагите од кремата за раце. Потоа нанесете лак-база, почекајте неколку минути, па ненсете го лакот во боја.

Користете светли нијанси

Ако бирате потемни нијанси лак за нокти секој недостаток и оштетување на ноктите повеќе ќе се познава, отколку кога вашите нокти се лакирани во светли нијанси. Затоа, ако сакате лакот што подолго да ви трае, држете се до светлите и пастелни нијанси.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o