Научниците открија зошто витаминот Б12 предизвикува воспаление на кожата

Зголеменото ниво на витаминот Б12 во крвниот серум предизвикува бактериите, кои живеат на кожата, да го намалат неговото производство и наместо тоа произведуваат материи кои предизвикуваа воспаление, се заклучува во студијата објавена во списанието Science Translational Medicine.akni_luzni

Витаминот Б12 го создаваат бактерии во човековиот организам, а исто така се внесува и преку храната. Познато е дека суплементацијата на овој витамин предизвикува појави на акни, но сепак зошто тоа се случува сé уште не е познато.

„Нашето истражување покажа дека витаминот Б12 ја менува активноста на генот на микроорганизмите кои живеат на кожата, и доведуваат до развој на акни кај одредени групи луѓе. Нашата работа не само што го појаснува одамна познатата поврзаност меѓу високото ниво на витамин Б12 и развојот на акните, туку и го покажува молекуларниот механизам на развојот на болеста“, пишува во студијата Хојин Ли од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.

Во младоста од акни патат 80 отсто од луѓето. Мозолчињата се јавуваат поради воспалување на клетките во фоликулите на влакната, каде што се наоѓа коренот на влакната и лојните жлезди. Механизмот на оваа појава целосно не е сосема познат, но се верува дека важна улога игра притоа бактеријата Propionibacterium acnes.

Оваа бактерија ја има во големо количество на човековата кожа, како кај оние кои патат од појавата на акни, така и кај здравите. За да објаснат во што се состои разликата кај нив, Ли и нејзините колеги ги разгледувале содржините на фоликулите кај четворица пациенти и пет здрави волонтери и ја анализирале активноста на гените во најдениот материјал на бактеријата Propionibacterium acnes. Кај здравите и болните испитаници, таа била различна. Натаму научниците им посветиле внимание на овие гени, чии активности видно се разликувале. Се покажало дека кај бактериите, добиени од луѓето кои страдале од мозолчиња, било намалено нивото на активноста на гените кои се вклучени во биосинтезата на витаминот Б12. Овој резултат научниците го потврдиле и на дополнителниот примерок од 9 пациенти со акни и 15 здрави доброволци.

Познато е дека нивото на витаминот Б12 влијае врз неговата биосинтеза во организмот. За да се провери како зголеменото ниво на витаминот влијае врз животната активност на бактеријата Propionibacterium acnes, научниците интрамускуларно кај 10 од 15 здрави испитаници инјектирале 1 мл хидроксикобаламин, форма на витаминот Б12, кој се користи во витаминските препарати. Таквата инјекција за неколку пати го зголемува нивото на витаминот Б12 во серумот на крвта, и нејзиниот ефект трае најмалку две седмици. Две седмици подоцна, научниците откриле дека активноста на гените на бактеријата Propionibacterium acnes, поврзана со синтезата на витаминот се намалила, и оти нејзиното ниво е слично на она забележано кај испитаниците кои страдале од акни. Покрај тоа, кај еден од доброволците се појавиле мозолчиња. Научниците, исто така, појасниле дека намалувањето на создавањето на витаминот Б12 од бактериите доведува до хиперпродукција на порфирините, кои предизвикуваат воспаление кај фоликулите.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o