Есенско слабеење со помош на 5 плодови

Ако постојано сте во борба со килограмите во која речиси никогаш не победувате, овие неколку месеци се идеалното време да се обидете повторно. Зошто токму есенско слабеење?esen_plodovi_namirnici

Есенските плодови кои се во екот на својата сезона се најдобар сојузник на вашата линија.

Ова се плодовите кои се есенски благодет за вашето здравје и линија:

Јаболка – Со многу малку калории и богати со влакна, јаболката се идеални меѓуоброци.

Тиква – Содржи витамин А, бета каротин и влакна. Семките од тиква помагаат во регулацијата на холестеролот и влијаат на расположението затоа што содржат триптофан – аминокиселина важна за производство на серотинот, кој влијае на расположението.

Брокула – Содржи малку калории, а богата е со хранливи материи кои го штитат телото од болести, вклучувајќи ги и сите облици на рак. Во себе има силен антиоксиданс, витамин Ц, фолна киселина, калиум, калциум, и Б витамини.

Кељ – Кељот е несомнено на самиот врв на сите зеленчуци. Како и брокулата, листовите на кељ имаат детоксикациски својства, мноштво витамини и влакна. Го намалува и ризикот од рак на јајници и гради и го намалува ризикот од артритис.

Зелка – Зелката е богата со антиоксиданси, витамин Ц и К, влакна и калиум, т.е. спаѓа во категорија на зеленчукот кој има одлична репутација во борбата против рак.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o