Академија Пандев во недела му гостува на Вардар

Викендот се игра 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, а во оваа коло, екипата на Академија Пандев гостува во Скопје кај Вардар.
Академија Пандев - Борец - 3. коло ПМФЛ 7

Овој дерби натпревар ќе биде важен за двете екипи во борбата за првото место на табелата во ПМФЛ. Вардарци се први на табелата со 16 бодови, додека пандевци со бод помалку се втори на табелата.

Колото го отвараат Шкупи и Шкендија, натпревар кој исто така ќе важи за големо дерби, но и фактот што поранешниот тренер на Шкендија, Ќатип Османи го предводи токму Шкупи.

Ренов во Тетово ќе го пречека Борец, Силекс ќе биде домаќин на Работнички во Кратово и овој натпревар ќе привлече големо внимание бидејќи и на двете екипи им се потребни бодови за да излезат од зоната за испаѓање.

Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против Македонија ЃП. 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o