РК Астраион против РК Вардар Неготино во 2. коло од Првата ракометна лига

Екипата на РК Астраион утре со почеток од 19:30 часот во салата “Парк” во Струмица, ќе го одигра натпреварот од 2. коло од Првата ракометна лига – Група 1, против екипата на РК Вардар Неготино.
РК Астраион - екипа 13.09.2019 година - пријателски натпревар со ХК Пирин - 64

За ракометарите на Астраион оваа ќе биде прв натпревар во новата сезона, бидејќи во првото коло беа словодни, но одиграа пријателски натпревар со ХК Пирин – 64 од Гоце Делчев, Бугарија.

Судиска двојка за овој натпревар ќе биде Христовски Војо од Скопје и Мајнов Бобан, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Наумовски Русе од Скопје. 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o