Прво место за ФК Беласица на турнир во Штип

Најмладите фудбалери на ФК Беласица учествуваа на меморијалниот турнир Ѓорѓи Стојков – Пивка во недела во Штип.

Беласица - млади фудбалери

„Талентираните фудбалери на нашата екипа настапија со 2 генерации, 2010 и 2011.
Генерација 2010 продолжуваат со одличните настапи и го освоија првото место на турнирот, совладувајќи ја во финалето екипата на ФК Брегалница по изведување на пенали.

Генерација 2011 прикажаа одличен настап на турнирот и го освоија третото место.

Покрај екипните награди, индивидуална награда во нашиот тим освои Митев Матеј за најдобар голман.

Честитки до нашите талентирани млади фудбалери и до тренерот Шопов Ѓорги за прикажаните одлични игри и освоеното прво и трето место“, напишаа од ФК Беласица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o