ФК Спартмани во Радовиш убедливо декласиран од Детонит

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци вчера гостуваше во Радовиш, каде го одигра натпревар од 2. кол од Третата лига – Југоисток со Детонит. Во овој натпревар фудбалерите на Спартмани беа убедливо декласирани со високи 6:0.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Домаќините имаат далеку подобра и поискусна екипа, со оглед на фактот што во минатата сезона радовишани беа дел од Втората лига – Исток, а тоа по потврдија и на самиот терен со постигнатите шест погодоци. Во текот на целиот натпревар Детонит имаше доминација и голем број на шанси за погодок.

Брегалница од Делчево на домашен терен со 5:0 го потопи Младост од Удово, додека Тиверија во Струмица со 7:3 беше поуспешна од Дојранско Езеро. Во Василево се одигра големото дерби, помеѓу екипите на Василево и Слога од Виница, каде виничани со 0:2 беа подобри, а во Свети Николе, Овче Поле со висок 6:0 го надигра Малеш од Берово.

Лидер на табелата со 6 бодови е Овче Поле од Свети Николе, а исто толку бодови имаат и второпласираната Слога и третопласираната Тиверија. На дното од табелата е Спартмани без ниту еден освоен бод, а бодови немаат освоено ниту екипите на Малеш, Младост и Дојранско Езеро.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o