РК Астраион одигра пријателски натпревар со ХК Пирин – 64 од Бугарија

Вчера во спортската сала „Парк“ во Струмица, екипата на РК Астраион од Струмица одигра пријателски натпревар со ХК Пирин – 64 од Гоце Делчев, Бугарија.

РК Астраион - екипа 13.09.2019 година - пријателски натпревар со ХК Пирин - 64

Ракометарите на Астраион беа слободни во првото коло од Првата ракометна лига, па викендот го искористија за да одигра пријателски натпревар.

„Продолжува соработката со екипатана ХК ПИРИН-64 од Гоце Делчев БУГАРИЈА. Одигравме пријателски натпревар денес во Струмица. Воедно договоривме учество на нашата екипа родени 2005, 2006 и 2007 г. на меѓународниот турнир кој го организира оваа екипа со присуство на 4 екипи од Бугарија, една од Србија, една од Грција и нашате млади таленти. Истиот ќе се одржи од 18 до 20 Октоѓври во Гоце Делчев Бугарија“, истакнаа од РК Астраион на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o