Отстранете го црвенилото по бричењето

Без оглед на кој начин ги отстранувате влакната од телото, веруваме дека барем еднаш сте имале проблем со иритирана кожа по третманот. Бричењето и понатаму е најчесто употреблив метод, но и покрај современите бричеви, пената за бричење и лосионите за нега потоа, црвенилото, чешањето и пецкањето на кожата се многу честа појава.brichenje

Ви откриваме три начина како можете да ја смирите иритираната кожа по бричењето:

Јаболковиот оцет е познат по антибактериското и противвоспалително дејство, па е идеално за нега на иритираната кожа. Натопете памук со оцет и со него поминете по воспалените делови на кожата за да ги смирите пецкањето и болката.

Алое вера исто така го смирува воспалението, ја смекнува кожата и го забрзува зараснувањето. Гелот од алое вера во тенок слој нанесете го на кожата и набрзо ќе почувствувате олеснување.

Аспиринот е одлична помош за иритирана кожа. Здробете два аспирина и измешајте ги со малку вода за да добиете паста. Смесата нанесете ја на воспалените места, оставете да дејствува десетина минути и измијте.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o