Вашата коса се масти брзо? Откријте ги причините за оваа појава!

Знаеме дека многу луѓе мора да ја мијат косата секојдневно поради проблемите со мрснотијата. Но, некогаш можеби е подобро проблемот да се реши во коренот буквално, отколку да водите битки против него.masna_kosa

6 работи кои може да престанете да ги правите, бидејќи можеби баш тие се причината поради која ви се мрси косата:

1. Постојано ја допирате косата, си играте со неa, поминувате со прстите низ неа и со тоа пренесувате мрснотии од вашите прсти на вашите прамени.

2. Секојдневно миење на косата не е добро, бидејќи оневозможува да се создаваат природните масти и со тоа тие почнуваат да се прозиведуваат дупло. Обидете се да ја миете косата 2 до 3 пати неделно, таа ќе ви биде благодарна.

3. Внимавајте со кондиционерот, тој можеби ви помага, но доколку користите некој кој е премногу јак за вашето влакно или не го плакнете правило ќе ви предизвика проблеми.

4. Не претерувајте со чешлање, на прв изглед косата може да ви изгледа сјајна, но набргу почнува да изгледа мрсна.

5. Вашата четка или чешал за коса секогаш мора да се чисти и без остатоци од препарати за коса кои сте ги користеле или паднати влакна.

6. Можеби користите производи кои не се соодветни за вашата коса. Обидувајте се да избирате лесни шампони и маски, а избегнувајте ги оние кои ветуваат сјајност и мекост.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o