Беласица на 2. место на табелата во Втората лига – Исток

Екипата на Беласица по 5. одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата со вкупно 12 освоени бодови.

Плачковица - Беласица - Радовиш - 5. коло ВМФЛ 3

Фудбалерите на Беласица имаат забележано 4 победи и еден пораз во досегашниот тек од сезоната. На вчерашното гостување во Радовиш, струмичани забележаа минимална победа од 0:1 над Плачковица.

Тиквеш го доби големото дерби до Брегалница и се искачи на врвот на табелата со 13 бодови. КожуФ во Гевгелија одвај успеа да ја „скрши“ црврстата Саса со што оствари минимална победа од 1:0. Осогово во Кочани ја запиша првата сезонска победа откако со 1:0 ја совлада Победа од Прилеп, а Питу Гули од Крушево запиша нов пораз, овој пат од Кит-Го со 1:2.

Тиквеш е лидер на табелата со 13 бодови, Беласица со 12 бодови е втора, додека трет е Кожуф со 11 бодови е третопласиран. Брегалница од Штип со 10 бодови сега е четврта на табелата, додека Кит-Го е петти со 8 бодови.

Каменица Саса е шестта со 4 бодови, а исто толку бодови има и Плачковица која е седма. Победа од Прилеп е осма со 3 бодови, а исто толку бодови имаат и Осогово кој е деветти и Питу Гули кој е на последното десетто место.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o