Академија Пандев се сели на второто место во Првата лига

Академија Пандев по денешното реми (0:0) во Струмица со екипата на Шкупи, се сели на второто место на табелата.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

Вардар со убедливи 3:0 го победи Силекс и се искачи на првото место на табелата со 16 бодови. Пандевци со 15 бодови се на второто место на табелата. Македонија ЃП загуби на домашен терен со 0:1 од Ренова, со што сега „лавовите“ остануваат на третото место на табелата со 11 бодови, додека Ренова е петта со 10 бодови.

Шкендија која со 2:0 беше подобра од Струга Трим Лум се искачи на четвртото место со 10 бодови, додека стружани се семи со 8 бодови.

Работнички одигра 1:1 во Велес со Борец, со што сега се осми на табелата со 7 бодови, додека Борец е последен со 5 бодови. Деветта позиција му припаѓа на кратовски Силекс со 6 бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o