Академија Пандев ремизираше со Шкупи во Струмица

Екипата на Академија Пандев денес ремизираше со Шкупи играјќи 0:0, во натпревар од 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

„Пандевци“ откинаа бод од натпреварот со чаирчани и сега се втори на табелата со 15 бодови. По 7. коло во ПМФЛ имаме нов лидер на табелата, а тоа е Вардар кој има бод повеќе од Академија Пандев. Шкупи по ремито во Струмица се сели на шесттото место натабелата со 9 освоени бодови.

Вардар со 3:0 го декласираше Силекс од Кратово, Шкендија во Тетово со 2:0 ја победи Струга Трим Лум, а Македонија ЃП загуби дома со 0:1 од Ренова. Вчера беше одигран и натпреварот помеѓу Борец и Работнички, кој се одигра во Велес, а резултатот од овој натпревар беше 1:1.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување кај екипата на Вардар, со што ќе се води битка за првото место на табелата, додека Шкупи ќе биде домаќин на Шкендија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o