Сируп кој го лечи болното грло за само четири часа

Сезоната на настинки и вируси, нажалост полека започнува да го фаќа својот замав, а болното грло е особено чест и секако, неподнослив, симптом.grlo_nastinka

Нашите претци имаат различни искуства во лечењето на различни болести кои што владееле низ историјата, и тоа токму во времето кога аптеките и лековите не им биле достапни на сите.

Овој лек според старите верувања може да ви помогне да го излечите болното грло и воспалението на крајниците за само четири часа.

Потребни состојки:

● 250мл вода
● 80гр мелен ким
● 1 лажица оцет

Подготовка:

Кимот сомелете го во мелница за кафе. Сипете 200 милилитри вода во лонче, додадете го кимот и ставете го на рингла да проврие. Оставете да врие на слаб оган околу 15 минути. Би требало да добиете густа и леплива смеса.

Тогаш додадете уште 50 милилитри вода и почекајте уште еднаш да проврие. Тргнете го од оган, оставете го да се излади, а потоа додадете го оцетот.

Земајте по една лажица од овој напиток на секој половина час. Веќе после два часа би требало да почувствувате и значајно олеснување, а после четири часа болката би требало и целосно да исчезне.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o