Подобрете ги ефектите од вежбањетo со храна

Консумирањето одредени намирници пред тренингот може да го намали ефектот од вежбањето. Експертите советуваат да избегнувате јаглехидрати пред физичките вежби и препорачуваат:vezbanje-fitnes-aerobik

Пред тренинг

Држете се до протеините – јајца, пилешко и риба. Задолжително е повеќе зеленчук, овошје, салати – тие содржат корисни јаглехидрати. Така ќе ја одржите енеријата и стабилно ниво на шеќер во крвта за време на вежбањето.

После тренинг

● Период од шест часа после вебањето од клучно значење е опоравувањето на организмот – од тоа зависи ефикасноста следниот ден.

● Внесувајте повеќе јаглехидрати. Во овој период најбрзо се согоруваат мастите, а мускулите поефикасно ја користат енергијата за да се обноват истрошените резерви гликоген. Тоа значи дека после тренингот, а не пред него, треба да го консумирате најголемиот дел од дневни калории.

● Додајте протеини. Тие се извор на аминокиселини кои го обновуваат оштетеното мускулно ткиво. Односот на притеини и јаглехидрати во оброкот треба да биде 1:2, а токму таков е на пример, во тестенини со болоњезе сос, или дома подготвен сендвич.

● Изедете енергетска плочка од житарици или испијте енергетски пијалак, бидејќи содржи протеини и јаглехидрати. Направете го тоа веднаш после тренингот, за да го забрзате обновувањето на енергетски резерви.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o