Познати судиите за натпреварот помеѓу Плачковица Беласица

Беласица утре ќе гостува во Радовиш кај екипата на Плачковица, во натпревар од 5. коло од Втората лига – Исток.

Беласица - Кожуф - Струмица 4. коло Втора лига - Исток 3

Екипата на Беласица е трета на табелата со 9 освоени бодови, додека радовишани се на седмата позиција со 4 освоени бодови.

Главен судија на натпреварот во Радовиш ќе биде Костенчев Никола од Скопје, негови помошници ќе бидат Милошевиќ Милош и Недевски Александар од Скопје. Четврт судија на натпреварот ќе биде Божиновски Христијан од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Аети Раман од Скопје, а контролор ќе биде Хајдари Џенан исто така од Скопје.

Натпреварот се игра утре со почеток од 15:30 часот, на градскиот стадион во Радовиш.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o