ФК Спартмани во недела гостува во Радовиш кај Детонит

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци во недела ќе гостува во Радовиш, кај екипата на Детониот, во натпревар од 2. коло оД Третата лига – Југоисток.

Detonit Junior - Spartmani - vo Radovish - 18.03.2018

Фудбалерите на Спартмани во првото коло беа убедливо поразени од Василево, со резултат од 0:4. „Детонитци“ во првото коло беа слободни, со што овој натпревар ќе им биде прв од почетокот на новата сезона. Минатата сезона, екипата на Детонит од Радовиш се натпреваруваше во Втората лига – Исток, но по една сезона, истата испадна повторно во Трета лига.

Делчевска Брегалница на домашен терен ќе го пречека Младост од Удово, Тиверија во Струмица ќе игра против Дојранско Езеро, Василево ќе игра дерби натпревар против Слога од Виница во Василево и Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека Малеш од Берово.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o