Совети како да се справите со акните

Акните на подрачјето кај носот и челото дефинитивно се типични за тинејџерските години, но кога сте изложени на постојан стрес, годините не се прашање!Young woman with pimple on her face.

 

Акни на брадата и вратот

Акните на овој дел од лицето јасно укажуваат дека сте во периодот на месечниот циклус. Благодарение на хормоните во оние денови од циклусот, кожата е помасна, поради што полесно ви се затвораат порите и избиваат акни во тие делови. Секогаш, лекувајте ги со козметички производи што содржат салицилна киселина, а доколку подолго време не забележите никаква разлика, советувајте се со лекар.

Акни на носот и челото

Акните на подрачјето кај носот и челото се карактеристични за тинејџерските години и за оние моменти кога сте изложени на постојан стрес. Превентивно нанесувајте производи против акни на тие делови кога знаете дека се наоѓате во таков период и кога не можете лесно да се справите со некоја ситуација од која знаете дека ќе има такви последици.

Акни по краевите на лицето

Доколку постојано ви се јавуваат акни кон краевите на лицето и на оние места каде што ви почнува косата, голема е веројатноста дека тоа е последица од производите што ги користите за нега на косата. Тоа значи дека можеби сте претерале со производите за обликување, како на пример со пената, со лакот или пак гелот. Тоа значи дека тие не и даваат на кожата да дише и дека ги затвориле порите што подоцна избиле во акни. Во иднина, внимавајте на тој дел каде се спојува кожата на косата со онаа на лицето и избегнувајте таму да ги нанесувате наведените производи.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o