Комплетирано колото во Првата лига – Жени, ЖФК Тиверија четврта на табелата

Во вторникот и средата беше одиграно 4. коло од Првата женска фудбалска лига.

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во вторникот на гостински терен кај ЖФК Љуботен, забележа убедлива победа од 0:8.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Љуботен - сениори - во Тетово

Во текот на вчерашниот ден беа одиграни и останатите натпревари. Шкендија на домашен терен славеше со 5:2 над Речица, Кочани беше поразен со 0:5 од АС Јунајтед, Каменица Саса со 11:0 го декласираше Борец, ЖФК Плачковица во Радовиш со 0:16 беше „прегазена“ од актуелниот шампион Драгон, Топ Гол одигра нерешено 1:1 со ЖФК Истатов и ЖФК Прилеп со 6:0 беше далеку подобар од ЖФК Атлетико.

Лидер на табелата со максимални 12 бодови е ЖФК Прилеп, Драгон со 10 бодови е втор, а исто толку бодови има и Каменица Саса која е трета. ЖФК Тиверија Струмица со 9 бодови е на четвртото место.

На дното од табелата е ЖФК Плачковица и ЖФК Љуботен, екипи кои немаат освоено бодови.

Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен ќе игра против екипата на ЖФК Топ Гол.

Следува пауза во домашното првенство поради квалификациите на У-17 репрезентацијата во Данска и Сениорската репрезентација на Македонија.

Првенството продолжува на 12/13 октомври.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o