3 едноставни начини до поцврсти нокти

Ако ноктите ви се лупат, се кршат и пожолтуваат, за вас имаме природни решени кои ќе ги направат поздрави и поцврсти. Откријте три ефтини и природни третмани за нега на слабите нокти.14020471352220

Лимон и маслиново масло

Малку лимонов сок помешајте со лажица маслиново масло и смесата нежно втријте ја во ноктите. Третманот подгответе го пред спиење и ставете ракавици, оставете да делува во текот на ноќта. Оваа мешавина ќе ви помогне да ги решите проблемите со сувите и кршливи нокти.

Морска сол

Помешајте две лажици морска сол со две-три капки лимонов сок, малку маслиново масло и малку пченични зрна. Смесата прелијте ја со топла вода и во неа натопете ги ноктите околу 15 минути.

Билно масло

Натопете вата со билно масло и со неа нежно поминувајте преку ноктите, а потоа со маслото масирајте. Овој третман ќе ја врати влажноста на ноктите и ќе ја поттикне циркулацијата што ќе се одрази на здравјето и убавината на ноктите.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o