Младинската школа на ФК Беласица врши упис на деца

ФК Беласица - младинска школа упис на деца

„Почитувани,

ФК Беласица е во потрага по нови таленти!
По тој повод, младинската школа на нашиот клуб врши упис на деца од предшколска возраст и повозсрасни.
Ги повикуваме сите заинтересирани да дојдат лично во клубските простории на ФК Беласица или да не контактираат на тел.бр. 077/970-996 – Ѓорги и 077/737-978 – Алекс.

Еве што нуди нашата младинска школа:

-Квалитетна работа со лиценцирани тренери кои имаат богато искуство во работата со деца, а резултатите го покажуваат напредокот на нашите млади таленти;
-Секое запишано дете тренира и учествува во натпреварите според неговата возраст без разлика на талентот;
-Воспитна компонента, покрај тоа што има за цела да создава играчи, посебно внимание се посветува на секое дете да биде воспитено во спортски дух, почитувајќи го својот тренер, соиграчите, противничките играчи и секако својот клуб;

Грижата за талентот на нашите деца се нашиот најголем предизвик. На децата кои прикажуваат најголема спосбност се посветува посебно внимание, како би можеле да ги оствараат нивните желби и еден ден да заиграат во најголемите клубови.

Традицијата продолжува, ФК Беласица е била и ќе биде расадник на фудбалски таленти!

Повелете, станете и Вие дел од безмалку стогодишната успешна приказна наречена ФК Беласица!“, истакнаа од ФК Беласица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o