ЖФК Тиверија Струмица со убедлива победа над ЖФК Љуботен

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица вчера го отвори 4. коло од Првата женска фудбалска лига против ЖФК Љуботен на гостувањето во с. Јегуновце – Тетово, каде со резултат од 0:8 фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица запишаа нова победа.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Љуботен - сениори - во Тетово

Тиверија Струмица играше во следниот состав: Панчурова, Бошеска, Николова, Бошевска, Недева, Ристовска (с), Божиновска, С. Велкова, Панеска, Николовска, Димоска.

Во игра влегоа и: Цунева, Михајлова, Головска, додека стрелци на погодоците за Тиверија Струмица беа Димоска и Николовска со по три погодоци, С.Велкова и Панеска со по еден гол.

Колото ќе биде комплетирано денес, кога ќе бидат одиграни останатите натпревари.

Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен ќе игра против ЖФК Топ Гол.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o