Брз пилинг за меки усни

Како што зачестуваат студените денови, ветрот станува поостар, така сè посурово влијае на нашата кожа на лицето и усните.usni_nega

 

Колку и да се покривате со шапки и шалови, усните ви се едни од најизложените делови на сите надворешни влијанија.

Кожата на усните лесно се суши и испукува, па често знае да ви се направат рани на кои ниеден кармин не изгледа добро.

Токму затоа, добро е повремено да правите брз пилинг со кој ќе го вратите сјајот на вашите усни и ќе изгледаат полно, здраво и сочно.

Доволно е да измешате малку мелено кафе и малку маслиново масло, така што ќе добиете густа смеса со која лесно ќе ги измасирате.

По ваквиот третман, сите мртви клетки ќе отпаднат, а усните ќе ви бидат мазни, меки и негувани.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o