Беласица во сабота гостува во Радовиш кај Плачковица

Во сабота се игра 5. коло од Втората лига – Исток, а екипата на Беласица ќе гостува во Радовиш кај Плачковица.

Беласица - Кожуф - Струмица 4. коло Втора лига - Исток 3

Беласица има скор од три победи и еден пораз и со 9 бодови е на третото место на табелата, додека радовишани имаат едно реми и една победа и со четири бодови се на седмата позиција на табелата.

Покрај овој натпревар, ќе бидат одиграни и останатите четири натпревари каде екипата на Кожуф од Гевгелија ќе игра против Каменица Саса, Осогово ќе ја пречека Победа од Прилеп, Питу Гули ќе биде домаќин на Кит-Го Пехчево, а Брегалница во четврток со почеток од 19:00 часот, ќе го одигра големото дерби против Тиквеш од Кавадарци, каде ќе се води „битка“ за првото место на табелата.

Лидер на табелата е Брегалница од Штип со 10 бодови, исто толку бодови има и Тиквеш од Кавадарци. На дното од табелата е Осогово без освоени бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o