Академија Пандев ремизираше во Струга против Струга Трим Лум

Фудбалерите на Академија Пандев на гостувањето во Струга одиграа нерешено со екипата на Струга Трим Лум играјќи 0:0, во натпревар од 5. коло од Првата лига.

Струга Трим Лум - Академија Пандев - Струга 5. коло ПМФЛ 2

„Пандевци“ со бод се враќаат од Струга и остануваат лидери на табелата со 14 освоени бодови, додека Струга останува на петтото место на табелата со 8 освоени бодови.

Работнички ја запиша својата втора сезонска победа, откако со 1:0 ја совладаа Македонија ЃП, Ренова беше поразена во дербито со Шкендија со 0:2, Шкупи загуби на домашен терен од Вардар со 1:2, а во Кратово, Силекс со 3:0 го декласираше Борец.

Академија Пандев со 14 бода е прва на табелата, Вардар со бод помалку е втор, додека Македонија ЃП со 11 бодови е трета на табелата. На дното од табелата е Борец со 4 бодови, Работнички и Силекс со по 6 бода се на деветтото односно осмото место.

Во следното коло Академија Пандев на „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека Шкупи, екипа која е на четвртата позиција со 8 бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o