Уште повеќе причини да уживате во пивото (ако воопшто ви требаат)

Пивскиот стомак е мит. Не постојат никакви научни докази кои докажуваат дека пиењето пиво води кон зголемување на килограмите, покажува истражувањето на британскиот нутриционист д-р Кетрин О`Саливан.giphy

Пивото – омилен пијалок на милион мажи во светот, всушност до одредена мера е корисно, исто како виното кога се конзумира со мерка, тврди истражувањето.

О `Саливан, кој е раководителка на научниот труд, смета дека преминот од секаков вид алкохол на пиво се покажало разумен начин да се започне диета. Посочува и пример – пивото има помалку калории од 100 мл. вино, па дури и од сок од портокал.

„За жал, за пивото е изградена претставата дека е висококалорично и доведува до дебелина”, коментира О`Саливан за „Тајмс”.

“Воопшто не е фер”, коментира таа.

Извештајот „Пивото и калориите – научен преглед” тврди дека пијалокот содржи витамини, влакна, антиоксиданси и минерали, што го намалува ризикот од остеопороза.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o