Академија Пандев утре гостува во Струга кај Струга Трим Лум

Фудбалерите на Академија Пандев утре гостуваат кај екипата на Струга Трим Лум во Струга, во натпревар од 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Работнички - Академија Пандев - Скопје - 4. коло ПМФЛ 2

„Пандевци“ по 5. одиграни кола се лидери на табелата со 13 освоени бодови, додека стружани имаат 7 бодови и се наоѓаат на шесттото место на табелата.

Во претходното коло Академија Пандев го доби дербито со Ренова, откако во Струмица со 2:0 ја победија, додека Струга Трим Лум во Скопје беше убедливо поразена од Вардар од 3:0.

Новајлијата Струга во Првата лига прикажа одлична игра во досегашниот тек од сезоната, особено на домашен терен, каде беше поразен и Работнички со 2:1, потоа и Силекс со истот резултат, а со Шкупи одиграа нерешено 1:1.

Пандевци на гостински терен оваа сезона одиграа 0:0 со Македонија ЃП, потоа го добија натпреварот со Работнички од 1:2.

Натпреварот се игра на градскиот стадион во Струга со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o