ФК Тиверија со победа, ФК Спартмани со пораз ја започнаа новата сезона од Третата лига – Југоисток

Викендот започна Третата лига – Југоисток, откако беше одиграно првото коло од истата.

ФК Тиверија од Струмица сезоната ја започна со победа на гостински терен против екипата на Младост од Удово, каде струмичките фудбалери триумфираа со 2:4.

АРХИВА

АРХИВА

Екипата на ФК Спартмани од с. Градско Балдовци сезоната ја започна со убедлив пораз од 0:4 од ФК Василево.

Слога од Виница ја имаше убедливата победа во првото коло, откако во Виница, на домашен терен со 5:0 ја декласираше Брегалница од Делчево, додека во Берово исто така имаше голеада, откако новајлијата ФК Раклиш од Радовиш постигна шест гола во противничката мрежа на Малеш, а домаќините постигна три, со што конечниот резултат гласеше 3:6.

Колото беше отворено во саботата со натпреварот помеѓу Дојранско Езеро и Овче Поле, каде гостите од Свети Николе во Дојран славеа со 1:2.

Во првото коло Детониот Јуниор од Радовиш беше слободен, бидејќи во лигата оваа сезона ќе се натпреваруваат 11 екипи.

На табелата по три бода имаат Слога, Василево, Раклиш, Тиверија и Овче Поле, додека останатите екипи се без бодови.

Во следното коло ФК Тиверија ќе биде домаќин на Дојранско Езеро од Дојран, додека ФК Спартмани ќе гостува во Радовиш кај екипата на Детониот Јуниор.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o