Ослободете се од влакненцата на лицето со помош на пилинг

Избелувањето е едно од најчестите методи кои се користат за прикривање на влакненцата на лицето. Но, избелувањето не е сигудно и добро за кожата.Hud-maske

Затоа ви препорачуваме да се обидете со некои домашни рецепти за да се ослободите од влакненцата. Постојат неколку домашни пилинзи кои во тоа можат да ви помогнат.

1. Куркума и брашно од наут

Измешајте го брашното од наут со куркума правот. Додадете неколку капки масло од сенф и направете густа паста. Нанесете ја на лицето и направете пилинг. Фокусирајте се на деловите каде влакненцата се видливи. Нанесете ја оваа паста два пати неделно за да се ослободите од влакната на лицето. Овој пилинг исто така може да ви помогне да добиете беспрекорна кожа.

2. Куркума и сол

Солта е состојка на уште еден популатрен козметички пилинг кој ги отстранува мртбите клетки на кожата, ги чисти и отстранува непосакуваните влекненца. Помешајте куркума и сол. Додадете неколку капки лимонов сок и млеко. Нанесете го пилингот на лицето и масирајте 5 минути. Правете го ова два пати неделно.

3. Лимон и мед

Овој пилинг можете да го користите и за чистење и за избелување на кожата. Измешајте сок од лимон со мед и нанесете на лицето и вратот. Оставете ја смесата 15 до 20 минути. Исплакнете со ладна вода за да добиете хидратизирана кожа без влакненца.

4. Пилинг од шеќер

Шеќерот ја лупи кожата, ги отстранува мртвите клетки на кожата, а исто така ги отстранува и влакненцата од корен. Натопете го лицето со вода и масирајте го со гранули шеќер. Направете го ова два пати неделно. Шеќерот исто така помага и во лечење на акни. Значи, ако имате акни, нанесувајте пилинг од шеќер.

5. Пченкарно брашно, шеќер и јајце

Во сад помешајте една белка со шеќер и пченкарно брашно. Нанесете го овој пилинг на лицето и вратот. Масирајте нежно околу 15 минути. Оставете пет минути, а потоа исплакнете со ладна вода. Повторете ја постапката три пати неделно.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o