Одиграно 4. коло од Втората лига – Исток, Беласица на третото место на табелата

Вчера беше одиграно 4. коло од Втората лига – Исток, а во оваа коло Беласица го претрпе првиот сезонски пораз.

Беласица - Кожуф - Струмица 4. коло Втора лига - Исток 3

Фудбалерите на Беласица во Струмица, на домашен терен беа поразени од Кожуф од Гевгелија со 1:2.

Каменица Саса на домашен терен одигра 2:2 со Брегалница од Штип, додека Тиквеш со 5:0 го декласираше Питу Гули од Крушево. Кит-Го Пехчево минимално со 1:0 славеше над Осогово од Кочани, а Победа на свој терен претрпе убедлив пораз од 2:5 од екипата на Плачковица од Радовиш.

Лидер на табелата е Брегалница со 10 бодови, исто колку што има и Тиквеш од Кавадарци кој е втор. Трета е Беласица со 9 бодови, бод помалку има Кожуф кој е четврти. Кит-Го со 5 бода е петти на табелата, Каменица Саса и Плачковица со по 4 бода се на 6. односно 7. место на табелата. Победа од Прилеп со 3 бода е осма на табелата, исто колку што има и Питу Гули кој е деветти. Осогово е последен без освоени бодови.

Во следното коло Беласица ќе гостува во Радовиш кај Плачковица, Кожуф во Гевгелија ќе ја пречека Каменица Саса, Осогово на домашен терен ќе игра против Победа, додека Питу Гули силите ќе ги одмери со Кит-Го, Брегалница ќе игра дерби натпревар со Тиквеш од Кавадарци во Штип, каде ќе се одлучува за првото место на табелата.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o