ЖФК Тиверија Струмица со победа во 3. коло од Првата женска фудбалска лига

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во 3. коло од Првата женска фудбалска лига запиша убедлива победа, откако на домашен терен со 13:0 ја декласираше ЖФК Плачковица од Радовиш.

ЖФК Тиверија - ЖФК Плачковица - Струмица - 14.09.2019 3.коло ПЖФЛ

ЖФК Тиверија важеше за апсолутен фаворит на натпреварот, а тоа го потврди со 13 гола постигнати во мрежата на радовишанки.

По првите три кола, ЖФК Тиверија има скор од 2 победи и еден пораз, и со 6 освоени бодови, се наоѓа на четвртото место на табелата.

Лидер на табелата е ЖФК Прилеп со максимални 9 бода, додека на второто односно третото место се Драгон односно ЖФК Каменица Саса со по 7 бода.

На дното од табелата е ЖФК Плачковица и ЖФК Љуботен без освоени бодови.

Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица ќе гостува кај екипата на ЖФК Љуботен, додека лидерот на табелата ЖФК Прилеп ќе биде домаќин на ЖФК Атлетико.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o