ЖФК Тиверија Струмица запиша сигурна победа во Младинската лига А против ЖФК Љуботен

ЖФК Тиверија Струмица имаше успешен викенд, откако запиша сигурни и убедливи победи, во Првата женска фудбалска лига против ЖФК Плачковица со 13:0, исто така доминација имаа и во кадетската лига откако со 0:3 кадетките на ЖФК Тиверија Струмица победија против ЖФК Љуботен.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Љуботен - Младинска лига А

Вчера, исто така, ЖФК Тиверија Струмица и во Младинската лига А запиша сигурна победа од 0:3 против ЖФК Љуботен во Тетово.

ЖФК Тиверија Струмица играше во следниот состав: Васева, Цунева, Стојменова, Стојкова В, Головска, Велкова, Георгиева, Илиева, Панеска (к), Стојкова Е, Михајлова.

Во игра влегоа и: Вргова, Брзакова.

Стрелци на погодоци за ЖФК Тиверија Струмица беа: Головска, Михајлова, Велкова.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o