Стадионот во Струмица од „Младост“ преименуван во „Благој Истатов“ во чест на легендата!

Стадионот во Струмица „Младост“ во иднина ќе има ново име и ќе се вика „Благој Истатов“ во чест на голманската легенда на Македонија, кој почина на 71-годишна возраст.

Благој Истатов - Славчо Васков - Пинда

„Претседателот на ФК Беласица Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК Беласица и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица“, истакнаа од фудбалскиот клуб Беласица на нивната официјална фејсбук страница.

Во својата кариера, Истатов има настапува за Беласица, Победа, Партизна и Утрехт, а има настапи и за репрезентацијата на Југославија.

Струмичанецот Истатов е роден 1947 година, а почина на 71-годишна возраст.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o