ЖФК Тиверија Струмица ја декласираше ЖФК Плачковица

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица со 13:0 ја декласираше ЖФК Плачковица од Радовиш, во 3. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - ЖФК Плачковица - Струмица - 14.09.2019 3.коло ПЖФЛ

ЖФК Тиверија одигра одличен и доминантен фудбал, а тоа се потврди со 13 постигнати погодоци во мрежата на радовишанките. Стрелци на погодоците за ЖФК Тиверија беа Николовска со четири гола, Димоска три гола, Бошевска, Божиновска, Бошеска, Недева, Михајлова и  Велкова С. со по еден гол.

ЖФК Тиверија има две победи и еден пораз, и со 6 бодови е на четвртото место на табелата, додека ЖФК Плачковица е без освоен бод и се наоѓа на последното 14. место на табелата.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува кај екипата на ЖФК Љуботен, додека ЖФК Плачковица во Радовиш го пречекува актуелниот шампион Драгон, каде апсолутен фаворити за победа ќе бидат гостите од Скопје.

По три одиграни кола лидер на табелата е екипата на ЖФК Прилеп со 9 освоени бодови, додека Драгон и Каменица Саса се на делбата на втората позиција со по 7 бода.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o