ФК Тиверија сезоната ја започнува против Младост Удово

Фудбалерите на ФК Тиверија од Струмица, новата сезона од Третата лига – Југоисток ќе ја започнат на гостински терен. Во првото коло ФК Тиверија ќе гостува кај екипата на Младост од Удово.

FK_Tiverija.svg

Во Дојран, Дојранско Езеро силите ќе ги одмери со Овче Поле од Свети Николе, додека во Виница, Слога ќе биде домаќин на Брегалница – Сениори од Делчево.

ФК Спартмани од Градско Балдовци во првото коло ќе го пречека ФК Василево, а новајлијата ФК Раклиш од Радовиш ќе гостува во Берово каде силите ќе ги домери со Малеш.

Ланскиот второлигаш Детониот Јуниор од Радовиш, во првото коло ќе биде слободен.

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o