Како да ги препознаете неудобните штикли уште пред да ги купите?

Секоја жена мака мачи со (не)удобните штикли, а да бидеме реални, ниедна жена нема намера да се откаже од нив.

shtikli

За да го зачуваме вашето здравје, како и здравјето на вашиот паричник, ви даваме неколку совети како да ги одберете штиклите што нема да ви го направат излегувањето пекол.

Пазете на калапот

Бројни продавачи кои користат ефтини материјали, со помош на грубите и тврди облоги позиционирани над петата, успеваат да го добијат посакуваниот облик. Токму таквите облоги ги предизвикуваат познатите „жуљеви“, кои се кошмар за секоја жена. Затоа, при изборот на штикли, внимавајте на материјалот и неговата цврстина… Синтетика никако, само природниот материјал после неколку носења се обликува според самото стапало, ништо друго…

Купувајте штикли на крајот на денот

На сите ни е познато дека стапалото во текот на денот се шири, секако поради напорот на кој е изложено без разлика дали седите или стоите. Поради тоа, најпаметно е новите штикли да ги пробувате навечер, за да имате реален приказ за бројот и моделот кој ви одговара.

Избегнувајте високи штикли во кои стоите како балерина

Се додека средината на стапалото удобно лежи во штиклата, нема да имате проблем. Колку поисправено е стапалото, толку повеќе притисок создавате на прстите и „перничињата“ на стапалата, петата повеќе не помага во потпората и завршувате со болни стапала кои ќе ви прават проблем најмалку уште некој ден потоа.

Откажете се од нестабилни штикли

Прошетајте барем 2-3 круга низ продавницата, за да бидете сигурни дека вашата пета и штикла не „шета“ лево-десно. Тоа е првата причина за неудобност и болка.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o