Дајте и волумен на косата на 3 едноставни начини

Волуменот е нешто што сите жени го бараат за својата коса. Со него, можете веднаш да се претворите во гламурозна дама. Но, особено оние со права и тенка коса, имаат голем проблем да го добијат, па затоа ви предложуваме 3 едноставни начини како секојдневно да имате коса како од рекламите:kosa_volumen

1. Трик пред спиење

Набавете добар спреј за текстура и напрскајте ја косата пред спиење. Со рацете нежно „изгужвајте“ ја косата и подигнете ја на врвот на главата во лабава пунџа. Кога ќе ја пуштите наутро, ќе имате спремни природни локни и одличен волумен.

2. Префрлете ја косата

Овој едноставен трик пали секогаш! Едноставно префрлете ја косата на обратната страна од патецот на кој ја носите. Косата секогаш се навикнува на патецот и „легнува“ во тој правец, па кога би ја префрлиле од обратната страна би добиле инстант волумен.

3. Напумпајте ја

Дури и косата спремна за миење може да изгледа како волуменозна фризура. На коренот нанесете сув шампон или беби-пудра, измасирајте го коренот и потоа стилизирајте ја како и обично.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o