Академија Пандев го доби дербито со Ренова

Екипата на Академија Пандев го доби дербито со Ренова, откако со 2:0 славеа во натпревар од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Ренова - Струмица, Младост 5. коло ПМФЛ

„Пандевци“ преку Рајковиќ при дојдоа до водство во 30. минута од натпреварот. Во вториот дел Крстовски пред самиот крај на натпреварот погоди за 2:0, со што победникот на натпреварот беше решен.

Академија Пандев останува лидер на табелата со 13 освоени бодови, додека Ренова со 7 бодови останува на петтата позиција.

Колото ќе биде комплетирано утре, откако ќе бидат одиграни останатите четири натпревари. Актуелниот шампион Шкендија, која игра очајно, во Тетово ќе го пречека Работнички, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Борец од Велес, Шкупи ќе игра против Силекс на домашен терен и Вардар силите ќе ги одмери со новајлијата Струга Трим Лум.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Струга, кај екипата на Струга Трим Лум.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o